Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Заев не исклучува постизборна коалиција со ДУИ

Заев не исклучува постизборна коалиција со ДУИ

Пријатели сме со петте соседи, целиот демократски свет ни е пријател, половина од нив веќе ја посетија Република Северна Македонија во изминатите две и пол години, дојдоа сите лидери, дојде и папата. Сите дојдоа да го охрабрат овој мултиетнички народ дека е на вистинскиот пат и дека така треба да продолжи.

Ова во интервју за МИА го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на прашањето за односите на земјава со нејзините соседи и дали очекува од некои од нив нови блокади во претстојниот период.

-Нема веќе рампи. Договорите се постигнати, имплементацијата на договорите е во тек и се заглави на четвртото поглавје Гоце Делчев. Како што ги решивме претходните три историски поглавја со шест историски личности, верувам дека и понатаму ќе ги решаваме на добробит и среќа на двете страни. Имаме Договор за добрососедство и споделувањето на таа заедничка историја. Треба да градиме пријателство, да бидеме уште поблиски повеќе да соработуваме, тоа да донесе и економски и каков било бенефит и на Македонците и Бугарите, од двете страни заради тоа што тоа е духот на Договорот, вели тој.

Заев, чија партија на овие предвремени парламентарни избори ја предводи коалицијата „Можеме“ вели дека во следниот мандат ќе бидат мошне растеретени, отворени се сите фрнтови и фокусот треба да биде на агендата дома на економија, подигнување на животниот стандард, реформи во правосудството, образованието, здравството, социјалната политика, културата, земјоделството.

Во однос на евроинтегрирањето на земјава нагласува дека со утврдувањето и враќањето на преговарачката рамка од страна на ЕК е јасно дека преводот на сите поглавја и на европското законодавство ќе биде на македонски јазик. Тоа е, додава тој уште една потврда од ЕК и од сите земји членки на ЕУ за македонскиот јазик, но и почеток на официјализирање на македонскиот јазик, како еден од службените јазици на ЕУ со нашето полноправно членство.

-Ова е за мене историја заради тоа што нашиот јазик ќе го имате во библиотеките во Варшава, Виена, Берлин, Париз, Рим, насекаде ќе се изучува, унапредува и афирмира и тоа е една голема вредност, истакнува Заев.

Изборната парола на ДУИ за прв премиер Алабанец ја оценува како комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, која била присутна во времето на Груевски и Ахмети, но сепак не исклучува можност за постизборна коалиција со ДУИ, доколку партијата се откаже од ова условување.

Прв услов за предизборното коалицирање со БЕСА бил заборавање на национализмот. -Со БЕСА имавме три недели речиси секој ден по неколку часа разговори додека ги усогласиме сите ставови, политички и програмски определби. Денеска имаме заедничка програма, која што се вика „Можеме“ и таму зборуваме за сите вредности. Прв услов беше да го заборавиме национализмот, да ја промовитраме еднаквоста во општеството, борбата за секој и неговите права, комплетно се работи за млади луѓе, кои се комплетно растеретени, нормално најголем дел се од албанската етничка заедница или речиси се целосно од албанската етничка заедница и сакаат за својата заедница еднаквост и рамноправност и во правата и во обврските, вели Заев во интерјуто за МИА.

Очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна коалиција, но не исклучува можност и за коалицирање со други партии, а во постојана комуникација за можна постизборна коалиција се со Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Лидерот на СДСМ, говори и за „бомбите“ кои се карактеристични за оваа кампања, а за кои вели дека веќе поднеле кривични пријави, а на забелешката дека има бомби и за опозицијата истакнува дека пријавени се сите досега.

Целото интервју со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со видео материјалот, МИА ќе го објави утре.

loading...