Заев: Не знам кои космонаути гледаат од Месечината, но јас тврдам вонредни избори нема да има

од Берта Китинска

Јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.

„Земјата помина низ неколку циклуси на вонредни избори тоа и штети на економијата.Не знам кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има заради тоа што не носат ништо добро на државата. И да има тие нема ништо да променат“, рече Заев.

Во однос на локалните избори Заев рече дека има кандидати зад кои лично би застанал, но пред се би го слушнал мислењето на граѓаните.

„Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија“, рече Заев.

Слични содржини