Заев: Нема да правиме шоу со преговарачкиот процес со Бугарија

од Берта Китинска

На денешната прес конференција одговорајќи на новинарското прашање во врска со барањето на бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, Македонија да  потпише документ со гаранции,  премиерот Зоран Заев изајви дека процесто на преговарање ќе биде нема да биде преку јавни политички препукувања.

„Вистинските европски политичари мора да му дадат шанса на процесот, затоа ја имаме и поддршката од Германија. Вчера имавме  разговори во пријателска атмосфера, се надевам дека и така ќе продолжиме. Искуството со Грција ме научи дека на Балканот кога станува збор за решавање на вакви прашања, вистинското решение доаѓа кога двете страни излагаат  како победници, односно едната внимава на другата и обратно. Во овој момент не сме стигнале да преговараме  со Бугарија, но има услови за тоа. Процесот не може да биде преку јавни препукувања, нема да правиме шоу од овој сериозен момнет за нашата европска перспектива.Удирањето во гради и е можеби атрактивно за домашанта јавност и од страна на двете земји, но не ја зголемува шансата за решение.Прдожуваме да работиме со Бугарија за решавање на спорот“, вели Заев.

Слични содржини