Заев од Демир Хисар: Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет

од Nikola Popovski

“Најдоброто” носи јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое населено место, на целата држава. А, од другата страна, ДПМНЕ огромна неизвесност, ризик, опасност и закана, за враќање во темното минато, изјави премиерот Зоран Заев од Демир Хисар, каде започна кампањата „Најдоброто за мојата општина“, на владеачката СДСМ.

Според него, најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет, брз локален економски развој и инфраструктурни инвестиции во сите општини и региони за рамномерен развој.

-Голем дел од општините во изминатите четири години беа предводени од СДСМ. Работевме посветено, вредно и напорно, и таа силна динамика мора да продолжи. Служењето на граѓаните продолжува, а победата на овие локални избори ќе биде потврда и за политиките на централно ниво.

Изборот на Најдоброто на овие избори, ќе ја повтори определбата на граѓаните да живеат во модерна европска земја, пријател на регионот и светот, рече Заев.

Слични содржини