(ВИДЕО)Заев од пред ОЈО:Меѓународниот фактор многу добро знае што се случува во Македонија

од desk3

 

Денеска во Јавното обвинителство сум присутен како оштетена страна или како сведок во случајот „Пуч“, изјави Зоран Заев по завршувањето на неговиот распит во ОЈО како сведок во аферата „Пуч“ во зградата на Јавното обвинителство.

“Вие знаете дека ние изразивме сомневање во правосудниот систем на државава. Сепак, сакам да потенцирам дека пријавата, која ја поднесовме, е од познати причини , за да оставиме пишана трага и да покажеме дека ги почитуваме Уставот и законите на Република Македонија.jo

Истовремено испраќаме порака дека на институцијата Обвинителство и другите правосудни органи им е нарушен угледот само од поединци. Во овие државни институции, сите знаеме, дека работат и чесни и поштени граѓани. Затоа негуваме надеж дека ќе постапат според Уставот и законот на Република Македонија, а со тоа ќе испратат силна порака и ние тоа јавно ќе го поздравиме – рече Заев. Самата вистина и отворањето на вистината испраќа порака ова повеќе никогаш да не ни се повтори затоа што некој се дрзнал да прислушува повеќе од 20 илјади граѓани” – порача Заев.
“Меѓународниот фактор многу добро знае што се случува во Македонија. Запознаени се со целата ситуација “- додаде понатаму лидерот на СДСМ, Зоран Заев, коментирајќи го вчерашниот став на комесарот на Европската комисија кој ја одложи најавената средба со премиерот Никола Груевски.

loading...

Слични содржини