Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев го осудува говорот на омраза на социјалните мрежи, што како што пишува на Фејсбук, не треба да биде прифатливо за било кое демократстко општество.
„Деновиве за жал видовме засилена употреба на навредлива содржина на социјалните мрежи, што не смее да биде прифатливо за кое било демократско општество, какво што е и нашето. Во овој важен момент, а пред да започнат предизборните кампањи, ги повикувам членовите и приврзаниците на сите политички партии, вклучително и на мојата СДСМ, како и сите функционери, да бидат одговорни во јавната комуникација, да избегнуваат и да отфрлаат говор кој содржи или може да поттикнува навреди и клевети и секогаш да иницираат суштински дебати по однос на важните прашања“, вели Заев.
Тој додава дека СДСМ е против секаков вид говор на омраза, расизам и ксенофобија во нашата држава.
„Тоа секогаш остро сме го осудувале и ќе го осудуваме без разлика од каде доаѓа таквиот говор. Тоа, секако се однесува и на говорот кој на каков било начин е антисемитски или така може да се толкува. Ние сме партија предводник на концептот Едно општество за сите – концепт кој ја препознава и признава различноста како водечка сила на нашето општество. Фактот што македонската Влада има министерка од еврејската заедница, свои претставници во управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите, а СДСМ има организационен секретар кој беше раководител во Музејот на холокаустот, е само дополнителен бенефит кон градењето заедничко општество“, пишува лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
Деновиве за жал видовме засилена употреба на навредлива содржина на социјалните мрежи, што не смее да биде прифатливо за…
Публикувахте от Zoran Zaev в Вторник, 7 януари 2020 г.