Премиерот на земјава, Зоран Заев, заедно со Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствувава на традиционалниот божикен прием, кој архиепископот Г.Г. Стефан кој го приредува секоја година по повод божикните празници и именденот на Архиепископот.
„Во мое лично име и во името на Владата на Северна Македонија, на Архиепискотот, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја, го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.
Во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови поради пандемијата на КОВИД-19, овие денови да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за физичко растојание и за носење заштитна опрема. Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни. Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! „Христос се роди! Навистина се роди!“, сподели Заев на Фејсбук.