Заев: По 11 години режим, ќе формираме демократска и реформска влада

од desk2

Чест е моја и на СДСМ, што по речиси 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада на која, приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев откако Централниот одбор на партијата го утврди за мандатар за состав на новата влада.

Тој додаде дека „следува период во којшто ќе се посветат на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија.“

– Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно праведно и правично општество за сите. Се што правевме досега, во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Македонија – рече Заев пред членовите на Централниот одбор.

Заев ги информирал членовите на ЦО на СДСМ, пратениците, претседателите на општинските организации, градоначалниците од редовите на СДСМ присутни на состанокот, за текот и содржината на разговорите со политички партии кои имаат добиено мандати во Собранието на Македонија.

loading...

Слични содржини