Заев по повод 23 октомври: Горди сме што татковината ја чуваме и афирмираме во светот

од Vladimir Zorba

„Денес им се поклонуваме и ги чествуваме храбрите дејци на македонската револуционерна борба, и горди сме што татковината ја чуваме и афирмираме во светот како место на изградениот и уникатен македонски идентитет“, вели Заев во својата честитка за Денот на македонската револуционерна борба.

„Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината и во патриотски дух издигнуваме држава признаена од сите, како што се стремеа и дејците на македонската револуционерна борба.

Нека е честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!“, додава Заев.

Слични содржини