Заев побара разбирање за новите мерки, можно е и затворање на угостителски објекти

од Берта Китинска

Свесни сме дека е важен и економскиот дел и егзистенцијата на уметниците кои настапуваат во угостителските објекти, но, сепак, здравјето е доминантно и Владата ја донесе одлката заради здравјето на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев во врска со новите владини мерки.

– Бројките растат, доаѓа зима, сите треба да бидеме дополнително внимателни, рече Заев во врска со мерката за забрана за настап на пејачи во угостителски објекти, додавајќи притоа дека помош ќе има и никој нема да биде оставен и заборавен, изјави Заев.

Премиерот  побара разбирање за новите мерки за заштита од вирусот и повика како што се почитуваат барањата на уметниците и на различни економски сектори, да се почитува и мислењето и предлозите на Комисијата за заразни болести зашто се во интерес на заштита на здравјето на сите граѓани.

 

Слични содржини