Заев: Поминаа три години од крвавиот четврток, никогаш да не се повтори (ВИДЕО)

од Берта Китинска
173 прегледи

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил потсети на случувањата во Собранието на 27 април со порака да не се заборават и да не се повторат.

-Поминаа три години од крвавиот четврток – 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта, во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори!, напиша Заев на фејсбук.

Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори

Поминаа три години од крвавиот четврток – 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта, во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори!

Публикувахте от Zoran Zaev в Понеделник, 27 април 2020 г.

Слични содржини