Заев понуди одговорност ако загуби на претседателски-Мицковски не изусти оставка!

од Марта Пешевска
83 прегледи

Во вечерашниот ТВдуел лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев  изјави деа е за чисти кристални демократски избори и дека Стево Пендаровски е идниот претседател избран од сите граѓани, но очекува храброст од лидерот на ВМРО ДПМНЕ  , исто така јасно и гласно да каже дали ќе повика на учество и на првиот и на вториот круг на претседателските избори.

Христијан Мицковски рече дека ќе победи нивниот кандидат но не беше јасен дали нема да повика на бојкот во вториот круг.

Второто бегање од одговор на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски беше неговото неизјаснување дали  ќе поднесе оставка ако ги загуби претседателските избори.

На неколку повици Мицковски го премолче и избегна одговорот дека ќе поднесе оставка, на што му бече кажано дека е потврда дека го интересира само фотељата во партијата.

Зоран Заев понуди предвремени избори ако тоа го побара опозицијата ако ги загуби претседателските избори, но Мицковски го избегна одговорот.

За непотизмот Заев му порача на Мицковски дека нема право да зборува за непотизам, кога токму  тој е вработен кај татко му  , дипломирал кај татко му и  бранел диплома кај татко му кој бил професор, а бил  негов асистент.Ако тоа не е непотизам што е го прача диретно Заев Мицковски

За тоа Мицковски одговори дека татко му бил исклучителен и сакал да учи од него, ама не успеа да демантира дека тоа е сериозен непотизам, па го обвини Заев дека татко му крадел струја на што Заев му реплицираше дека тоа се докажало дека е ноторна лага.