Заев: Пописот го одложивме зашто така бараше опозицијата (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа, вели ремиерот Зоран Заев во изјавата споделена на неговиот фејсбук-профил.

Април, 2021 година, е датумот кога ќе се спроведе пописот, нагласува Заев.

Според него, пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично.

Одговорност да се излезе на попис има секој граѓанин, смета премиерот.

-Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот, истакнува Заев.

Попис – Април 2021

Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа.Пописот и резултатите, никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот.

Публикувахте от Zoran Zaev в Събота, 17 октомври 2020 г.

loading...

Слични содржини