Заев: Поради големата љубов на Ердоган кон Македонија ќе бидат донирани 30 илјади вакцини

од Берта Китинска
224 прегледи

Утврдиме најмалку 10 нови турски инвестиции, во зона која што ја разработуваме на Коридорот 10, во Гевгелија, рече денеска премиерот Зоран Заев а новинарско прашање во врска со работната вечера вчера со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

– Се работи за инвестиции од секаков вид во преработувачка индустрија, коишто се стратешки поставени за европскиот пазар, нешто за кое што нашите комори подолг период разговараа, а сега го утврдивме. Заедно со претседателот на вечерата беа соодветните министри со кои што разговаравме и за ваквите детали. Разговаравме секако и за соработката меѓу армиите. Ние сме членка на НАТО. Многу соработува со Турција. Турција е еден од значајните донатори на Република Северна Македонија во армиска опрема. Овој пат имаме набавки од наши пари, но секако очекуваме и дополнителен придонес од Турција, затоа што Турција е наш голем пријател, истакна Заев.

Ги спомена и 30-те илјади вакцини, за кои претходно информираше Филипче, појаснувајќи дека во земјава треба да стигнат во рок од седум до десет дена.

– Секако поради големата љубов кон Македонија и на претседателот Ердоган, но и на раководството на пријателска Турција веднаш на наше барање ни излегоа во пресрет со 30 илјади вакцини. Додека ги чекаме новите количини, овие ни се добредојдени, рече Заев .

Акцентот на разговорите на министерот Филипче со турските домаќини, пак, бил ставен во делот на претстојното отпочнување на Турција да произведува вакцини против ковид-19.