Заев: Постигнат историски договор помеѓу МОН и СОНК

од Vladimir Zorba

„Постигнат историски договор помеѓу МОН и СОНК! Наставниците добиваат дополнителни 10% покачување на платата од jануари 2020. Тоа значи вкупно покачување на платите на просветните работници од над 20%. Најважно е за децата и за образованието да се грижат мотивирани наставници. Се грижиме!“, сподели премиерот Зоран Заев по денешниот договор.

Вработените во основното, средното и високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков.

По едно и полчасовната средба министерот Адеми изјави дека се работи за историски момент затоа што ова е трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека се работи кумулативно за зголемување од 21,3 проценти во еден мандат. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Слични содржини