Заев: Позитивните трендови во економијата продолжуваат

од Берта Китинска

Позитивните трендови во економијата продолжуваат, пишува на својот Фејсбук, премиерот Зоран Заев.

-Во периодот од јануари-јули 2021 вкупната вредност на извозот изнесува скоро 4 милијарди евра и бележи раст од 34,6% во споредба со истиот период во 2020 година.Само во јули 2021 година, во споредба со јули 2020 година растот е 13,2%. Вкупната трговска размена за иститот период изнесува 9.4 милијарди евра. Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина. Економските политики ги градиме на солидна база, планираме на долг рок, а резултатите се веќе евидентни и во услови на светска пандемија, пишува Заев.

Слични содржини