Заев пред Европарламентот: Македонија е Европа во мало

од desk2

Премиерот Зоран Заев денеска се обрати пред пратениците во Европскиот парламент, за првпат и му се даде шанса да зборува на македонски јазик. „Народот на нашата земја е на историски крстопат, пред историски предизвик“, рече на почетокот на својот говор пред европарламентарците македонскиот премиер Зоран Заев, кој се осврна за Договорот со Грција и за претстојниот референдум за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.  Тој се заблагодари на поддршката што ја добива Македонија и порача дека граѓаните на Македонија се одлучиле за европска иднина.

„Граѓаните на Македонија својата иднина ја гледаат како дел од ЕУ. Нашите луѓе работеа многу напорно да ги остварат своите сништа. Да, направивме напредок, но не е доволно. Знам дека можеме да направиме подобро. Ние се бориме да не бидеме изолирани од остатокот од светот. Се уште се соочуваме со проблеми, но никогаш не ги изгубивме нашите визии. Нема да се откажеме сега“, рече Заев.

Како што порача премиерот, челнството во НАТО и ЕУ ќе донесе голема стабилност во Македонија и економски раст во државата.

„Приклучувањето кон ова семејство е стабилност за сите нас. Ве уверувам дека правиме се да ги постигнеме стандардите на ЕУ. Ни претстои уште долг пат, но вашето добредоје ни дава поттик. Силната верба во нашата европска иднина е клучниот мотив за Договорите со Грција и Бугарија. Ние сме европа во мало, обединети во различностите. Нашите граѓани го направија изборот се определија за европска иднина. Да се тргнеме напред кон иднината. За Република Македонија тоа е можност која долго ја чекавме“, додаде Заев.

Слични содржини