„Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места“, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес.
„Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија.