Заев: Реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски

од Ивана Рамаданова
334 прегледи

Енеретската заедница во официјален извештај, вели дека денес Северна Македонија е шампион во реформи во енергетска политика, напиша на својот фејсбук профил Претседателот на Вадата Зоран Заев.

Според него, причините поради кои реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски е цената на струјата која престана да расте, вратена е евтината тарифа на струјата, зголемено е домашно производство на струја.

„Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25 проценти на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38 проценти. Денес, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ/ЕЛЕМ) не купува електрична енергија. ЕСМ продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра. ЕСМ денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат за потребите на граѓаните“, напиша премиерот Заев.

Десет милиони евра од овие средства, како што рече Заев, оваа сезона ќе бидат вложени за 10.000 семејства да добијат еколошки инвертери за борба против аерозагадувањето.

„Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски. Цената за приклучок за броило е намалена од 500 на 370 евра. Со години, за обичен приклучок на електричната мрежа се плаќаа 500 евра, од оваа година за прв пат цената е намалена за 26проценти и изнесува 370 евра. Намалена е цената на парното греење“, додава Заев.

Според него, граѓаните кои не користат парно греење денес, а во тек е и интензивна гасификација на Северна Македонија.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фороволтаични електрани, за кои 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата. Спротивно на сe наведено погоре, Мицкоски како директор на ЕСМ (тогашно ЕЛЕМ) ја водеше најлошата енергетска политика во земјава. Најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата“, напиша Заев.

Слични содржини