Заев – Рикер: На билатералните прашања не им е местото на преговарачката маса

од Vladimir Zorba
285 прегледи

„Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет“, нагласи премиерот Зоран Заев од самитот во Охрид, каде исто така им се заблагодари на САД за отворената и искрената поддршка за македонските евроинтегративни аспирации и пораките за што поскоро започнување на преговорите за членство со Европската Унија.

-За Западен Балкан од исклучителна важност е најавата на претседателот Бајден за враќање на силното присуство на Соединетите Американски Држави на светската сцена со ангажирана дипломатија заснована на најскапоцените демократски вредности на оваа земја и наш стратешки партнер. Ја користам оваа прилика уште еднаш да го потенцирам она што верувам е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса, став за кој недвосмислено се согласивме со Помошникот Државен Секретар Филип Рикер, потенцира Заев.

Тој нагласи дека земјава нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди, додавајќи дека сепак постојат некои прашања за кои не може да се преговара.

Слични содржини