Четири години СДСМ ја предводи Владата и најголем дел од општините, тоа се четири години на успеси на локално, на централно и на меѓународно ниво, порача синоќа од Крушево, претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Тој најави дека во следните четири години предвидено е Крушево целосно да се гасифицира, за да се заштитиме оваа прекрасна природа но и да се намалат трошоците за загревање на домаќинствата.
-Крушево ќе добие и нов водоснабдителен систем со што ќе се надминат проблемите со слабиот притисок во летните месеци, веќе работиме на тоа, добиени се еколошките согласности, нагласи Заев, додавајќи дека ќе се продолжи со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места, најави Заев.
Тој истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена и додека таа партија не се реформира, ќе губи на секои изборни соочуваања.
-Треба да знаете дека СДСМ е нешто повеќе од политичка партија. СДСМ е пријателство, разбирање, соработка, помирување, простување, компромис, подадена рака, човечност… СДСМ е проектант и градител на мостови. Тоа во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ќе можат да го разберат. Ним не им е јасно дека во светот веќе одамна не постојат ,,чисти” држави и општества. И Европа, Балканот и Северна Македонија пичиваат на вредностите на различност, на мултиетничност и мултикултурност. Такво е и Крушево, вие тоа мошне добро го знаете. И се додека се однесуваат така, нема да ја имаат довербата и ќе губат на сите избори, заклучи Заев.