Заев: Се прават напори за реализација на капиталните проекти

од desk2
126 прегледи

Премиерот Зоран Заев вели дека сите задолжувања на државата се за капитални инвестиции и се прават напори за нивна максимална реализација за да има ефекти од земените кредити  за таа намена.

Според Заев, за да се реализираат заглавените проекти за железницата и гасификацијата,  и за нив без да има резултат на терен да не се плаќаат камати,  постојано се разговара со граѓанските организации, Светска банка, ЕБОР.

–  Се ослободи првата фаза за железницата, на 21-ви се отвора првиот чекор од постапката за јавната набавка за втората фаза од 67 милиони евра, веќе се подготвуваат следните чекори за третата фаза која што е некаде 350 милиони евра. Ако ги ослободиме сите закочувања на гасификацијата, за што едната делница е покрај Скопје за Тетово и Гостивар, а другата кон Прилеп и Битола, каде се движат работите, се надевам и тука ќе се придвижи на тој дел за да можеме максимално да ги ефектуираме овие работи, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот посочи дека капиталните инвестиции останале закочени на места каде имало проблеми со имотно-правни работи. Формиран е нов Комитет за инфраструктурни проекти и нивна реализација и како дел од Економскиот совет работи за секој проект одделно. Целта е да се зголеми максимално нивната реализација, но и ефективноста на кредитните линии коишто ги користи државата.

Според Заев, нема зголемување на јавната администрација, а постигнати се 100 милиони евра заштеди со транспарентност во постапки кои ќе се насочат кон социјалните политики, права и солидарност во државата.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, оцени дека Македонија соодветно управува со јавниот долг што било забалежани од финансиските институции. Како што потенцираше, веќе нема трошење државни пари за непродуктивни проекти, како поставување споменици, жални врби..

– Најглавно е дека ние водиме добро управување со јавниот долг. Прва година во која што јавниот долг беше намален како процент беше во 2017 година. Постојано водиме политика на задолжување со пониски каматни стапки од кредитите што се отплаќаат. Имавме еврообврзница со најниска каматна стапка досега. Главно промената во задолжувањето се должи на тоа што земјава оди со буџетски дефицит, значи не одиме со суфицит. Исто така имаме големи долгови коишто доспеваат од претходно земени кредити и коишто постојано ги сервисираме, рече Тевдовски.лв/сст/14:19

Слични содржини