Заев: Секаде јавно и пред европските институции повторуваме – не преговараме за јазикот и индетитетот

од Vladimir Zorba

„Уште кога излезе оваа неточна информација веднаш ја демантиравме од Владата. Неколку пати сме повториле и тоа секаде јавно и пред сите европски институции – за Македонскиот јазик и за Македонскиот идентитет не преговараме, ниту пак некој има право да преговара. Ова за ТВ 21 го истакна премиерот Зоран Заев кој тврди дека предлогот што го однел во Софија се однесува на Патоказот.

„Предлогот што го доставивме во Бугарија е Патоказот, согласно кои двете страни се обврзуваме за зголемување на ефикасноста во сите области на соработка со конкретни рокови и задолжени институции, меѓу кои е и предлог за интензитетот на идното работење на историската образовна комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија“, вели Заев.

Слични содржини