Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не. Но, државата мора да води грижа за колективното здравје, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање во однос на новите рестрикции кој ќе почнат да се применуват од утре.
– Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе
да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот. Вакцините сите се здрави и се потврдени секаде низ светот. Америка веќе почна со давање на третата доза на тие со намален имунитет. Ги следиме меѓународните експертски поставености околу вакцинирањето и дефинитивно треба да се однесуваме како останатиот дел од светот, изјави премиерот Заев, при увидот на активностите за реконструкцијата на патниот правец КривогаштаниЖитоше