Заев: Шилегов е мој фаворит за градночалничката позиција во Скопје на локалните избори

Во рамки на презентација на проектот за „Универзална сала“, премиерот Зоран Заев изрази задоволство што ќе добие истата првичен изглед, но одвнатре ќе биде реконструирана и модернизирана.

На новинарско прашање, дали СДСМ ќе ја поддржи кандидатурата на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на претстојните локални избори, Заев вели:

„Присуствував на неколку проекти, бидејќи сметам дека треба да се промовираат истите и тоа не само таму кадешто Владата финансира, туку и таму каде градоначалниците сами делуваат. За Шилегов имам пофални зборови, за мене е фаворит, иако се уште не сум го прашал дали ќе се кандидира на претстојните локални избори“

Слични содржини