Заев: Сите ние можеме да бидеме обвинети и да одговараме за криминал

На денешното свечено отворање на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, премиерот Зоран Заев на новинарско прашање се осврна и на случајот со предизвиканиот пожар во ТЦ „Глобал“ во Струмица.

„Глобал е одговорноост на луѓето кои се сопственици. Хидрантната мрежа. Не се опожарени оние кои имале заден влез. Сепак, мислам дека ќе се почитуваат законите и прописите. Надлежните треба да кажат кога последен пат е направен инспекциски надзор“, посочи Заев.

На новинарско прашање, врзано за филтрацијата во судството, односно како оној кој е обвинет за перење на пари, конкретно Зоран Тофиловски може да го контролира процесот, премиерот Заев вели:

„Законот важи еднакво за сите. Прочиствувањето на правосудството се прави според контролните механизми како во цел свет. Судскиот совет е надлежен за контрола на судиите. Одлуките нивни се колективни, и оттаму сме сите потенцијално обвинети, и може секој да одговара. Верувам дека во периодот кој претстои, граѓаните ќе бидат запознаени со се преку вас медиумите. “

Слични содржини