Заев: Скопје треба да продолжи да се гради, но со усул

од Берта Китинска
347 прегледи

Во делот на висококатнците уште еднаш ќе напоменам дека нашето главно ветување е дека Скопје треба да продолжи да се гради но со усул, односно ваквите мегаломанските проекти треба да бидат скратени, скротени и нормализирани, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со  изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин.

Тој напомена дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот урбанистички план.

-Сивилото на цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј ин, но не е решение и шеесеткатница. Затоа усогласеноста на ГУП-от со ДУП-от е важна работа и тоа е потврдено. Правото согласно Устав и Закон не може никој да го спречи, односно тој што ќе го спречи на крајот треба општината или државата да плати, а веќе имаме плаќано штети од по 6 милиони и 8.5 милиони евра од минати постапки,  изјави Заев

Тој дополни дека е важно што со новиот Закон за урбанистичко планирање повеќе не е дозволено решение за паркинг надвор од парцела, што, потенцира, значи дека го скротува мегаломанството на самата  градба.

Слични содржини