Заев со честитка: Германија е значаен партнер за остварување на нашите стратешки цели и за заедничка иднина во НАТО и ЕУ

од Nikola Popovski
289 прегледи

Во мое име и во име на Владата и народот на Република Северна Македонија, испраќам најсрдечни честитки до народот на СР Германија, по повод денешниот национален празник – 3 октомври, Ден на германското единство и повторно обединување, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Според него, обединувањето на Германија во 1990 година и падот на Берлинскиот ѕид една година претходно, се симболи за храброста и надежта на слободата и демократијата. На овој ден СР Германија ги оствари наприкосновеното право и одлука на германскиот народ повторно да ја обедини сопствената поделена држава.

-Овој чин испрати силна порака за моќта на заедништвото и меѓу земјите-членки на Европската Унија, потенцира Заев.

Тој додава дека Република Северна Македонија ги споделува овие вредности со СР Германија и како наш сојузник во НАТО и поддржувач на нашите аспирации за членство во ЕУ, тие се значаен партнер за остварување на нашите стратешки цели и за заедничка иднина во НАТО и ЕУ.

Слични содржини