Заев: Со четвртиот пакет мерки не е заборавен никој

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев денеска на пресконференција ги презентира сетот мерки од четвртиот пакет кој го усвои Владата на денешната седница, а со кој, како што рече, „не е заборавен никој“.

„Четвртиот пакет мерки е директна поддршка за економската и социјална сигурност на нашите граѓани и поттикнување на приватната потрошувачка, ги имаме предвид сите дејности, сите компании, а нашето внимание е насочено кон поддршка на работните места, на ранливите категории, невработените…, рече премиерот.

Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци. Како што рече, таа ќе биде скалеста и ќе зависи од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари. Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Втората мерка е платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5.726 самохрани родители 182.271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85.108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници, рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. Оваа мерка е наменета за 280.000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.

Меѓу мерките е и зголемување на грејс период на бескапаматните кредити од Ковид 1 линијата во траење од три месеци, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршка за туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.

Најави околу 30 мерки меѓу кои и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците…

Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на макеоднските економски дејности и работните места.

Прес-конференција за презентација на Четвртиот пакет економски мерки за поддршка за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Публикувахте от Zoran Zaev в Неделя, 27 септември 2020 г.

Слични содржини