Драго ми е што довербата кај граѓаните за сите наши потенцијални кандидати е голема и затоа сакаат да се кандидираат добри кандидати, звучни имиња, одговорни луѓе, докажани во професијата и тоа е една голема предност која што не прави фаворити на изборите, рече премиерот Зоран Заев нагласувајќи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што тоа го потврдуваат и анкетите.
-Покрај тоа што водиме по анкетите довербата е голема, се верува дека ќе победиме. Но, на крајот граѓаните одлучуваат. Јас можам да ви кажам заради тоа што сме коалициони партнери и со ДУИ, и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови, рече Заев.