Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

„Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи.
Донесовме навремени и сериозни мерки за спас на работните места, кои создадоа услови за заживување со нова динамика на домашните економски дејности. Покрај економските мерки големо внимание посветивме на инвестиции во капитални проекти кои значат живот за македонската економија“, вели Заев накратко во својот осврт на интервјуто дадено за „Капитал“.

Имено, премиерот Зоран Заев посочува дека македонската економија во оваа календарска година има многу предизвици пред себе, со оглед на тоа дека се уште се чувствуваат последиците од Ковид пандемијата, па оттаму голем дел бизниси се далеку од посакуваната економска положба.

„Тврдам дека тоа беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места. Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен, и така точно димензионирани, ги запреа трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални, и создадоа услови за сите наредни мерки кој имаа за цел да ги закрепне и да ги заживее со нова динамика домашните економски дејности“, посочи Заев.

Исто така, Заев потенцира и дека Владата продолжува со стимулирачки мерки како „Млад земјоделец“ со поддршка до 10 илјади евра , „Рурална жена“ со 3.000 евра како и за нов агробизнис со 20.000 евра. Од голема важност е и искористување на мерките од ИПАРД програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Ќе следат и повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, старечки домови, капацитети за обработка на дрво, пчеларство…

Слични содржини