„Со цел да се поттикне отчетноста, транспарентноста и отвореноста на локалните самоуправи, согласно Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница прифатена е препораката на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на Република Северна Македонија“, објави денес премиерот Зоран Заев.
Според него, донесен е и заклучок дека сите финансиски извештаи и извештаи за работење (тромесечни, полугодишни и годишни) кои се доставуваат на разгледување во Владина постапка, нема да бидат разгледани на Комисијата, доколку листата од 22 обврзувачки информации и документи со кои се обезбедува отчетноста на општината не се објавени на веб-страниците на предлагачите.
„Зголемувањето на нивото на транспарентноста има позитивно влијание кон демократизацијата на државата и им овозможува на граѓаните да имаат контрола над институциите. Дополнително, транспарентноста позитивно влијае врз економскиот развој на државата и врз евроатлантските интеграции“, стои во објавата на Фејсбук на премиерот.