Заев: Тројно повеќе еко инспектори, тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри

од Берта Китинска
254 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот конгрес вети строга контрола и високи казни за загадувачите, како и комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби.

-Тројно повеќе еко инспектори. Тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри. Двојно повисоки казни за граѓаните кои загадуваат на законски недозволив начин, посочи тој.

Помошта за граѓаните за современ и еколошки начин на загревање ќе продолжи со засилен интезитет.

-60.000 домаќинства ќе добијат бесплатен еко инвертер со цел забрана за употреба на фосилни горива. Обезбедуваме субвенции за приклучување на централно греење и за набавка на филтри на оџаците на домаќинствата, вели Заев.

Гасот пристигнува до семејствата, а данокот за увоз на електрични и хидрогенски возила ќе биде укинат.

Ќе се воведува задолжителни часови по хигиена во основното образование, но и задолжително сепарирање на отпадот за домаќинствата.

Во следниот период ќе има и масовни акции за чистење и пошумување со ангажирање на институциите и граѓаните.

Слични содржини