Заев: Уставниот суд е конечен, ако падне Законот за коридорите ќе ја почитуваме одлуката

од Nikola Popovski
233 прегледи

„Ако падне ќе скрши нога, рака. Ако падне, Уставниот суд е конечен, тогаш ќе одиме повторно со постапките кои што значат две алтернативи“, изјави денес премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за тоа што доколку падне Законот за Коридорот 8 и 10 на Уставен суд.

Според него, едната алтернатива е традиционалната постапка, а тоа е проектирање 4-5 години, па после избор на изведувач, надзори и слично, кое што генерално е како постапка за автопатите од ваков калибар.

„Тогаш ќе изгубиме многу време. Законот за коридорите 8 и 10 е закон со кој што ѝ се предложува на владата преку надлежните ресори да најде решение на компетативни и конкурентни начин преку конкретни цени, со директно инволвирање на трети страни, а со конечна цел да ги скрати роковите“, рече Заев.

Тој додаде дека ако Уставниот суд донесе одлука дека нешто е незаконски и неуставно, тогаш тие како Влада ќе ја почитуваат одлуката, но искрено верува дека моделите во Хрватска, Србија, Албанија и Косово се исти како нашите, и Уставите ни се исти.

Слични содржини