Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години направи покачување на платите во образованието од 10%, а оваа влада за 2 години и 5 месеци направи покачување од 10%. Смогнавме сили, затоа што чесно ја водиме државата. СОНК бара повеќе и порано да се почне, ние понудивме од март да се покачи платата уште 10%, но ете, министерот дебатира секојдневно, рече премиерот Зоран Заев како одговор на пратеничкото прашање на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ зошто не се почитува колективниот догвор за платата на наставниците.
Тој додаде дека покачувања има во сите сектори и дека со тоа се стимулираат младите да останат во државата, а не да ја напуштаат.
„Тоа што досега е понудено е најниската плата во образованието да е поголема од просечната плата во државата. Утре имам состанок со министерот за образование и СОНК, верувам дека ќе се договориме. Има пари во државата за да се покачуваат платите“, додаде Заев.
Тој додаде дека се надева на договор утре на средбата со СОНК, бидејќи како што рече, како влада се грижеле за учителите, наставниците и професорите.