Заев: Валандово станува ,,смарт” град

од Nikola Popovski

Континуитетот на работа во Валандово мора да се одржи во следните четири години. Таа силна динамика мора да продолжи. Затоа Перо Костадинов и неговите проекти во Програмата се нашата најдобра понуда. А меѓу проектите предвидени за следните четири години е и проектот Валандово – паметен град. Инсталација на клауд-системи за паметно осветлување, поставување на смарт-клупи (паметни клупи) во урбаните зони, бесплатни wi-fi зони на повеќе локации во Општината, се дел од проектот „Валандово – паметен град“, изјави денес претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од паркот во Валандово.

Според него, ова е проект на иднината, проект за развој на Валандово и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани од овој град.

-Од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Каква ни е општината, таков ни е животот, а овде во Валандово со Перо и СДСМ квалитетот на живот постојано се подобрува, потенцира Заев.

Слични содржини