ЗАЕВ: Ви тврдам дека нема да дозволиме државата дa биде ставена во заложништво, а бандитите кои ја растураат ќе завршат и на меѓународните судови! (видео)

од Vladimir Zorba
78 прегледи

„Ако мисли Груевски да ја држи во заложништво Македонија, да знае дека нема да може. Ги знаеме сите негови потези. Зад нас стојат 67 мандати и 700.000 народ кој се гледа и сè се знае. За да ја смирам јавноста ќе ви кажам дека ги знаеме сите планирани потези на Груевски, и тоа нема да може да го реализира.Тој не треба да се плаши што ќе оди в затвор, ако грешел ќе оди, но првин ќе оди на суд и од тоа не треба да се плаши. Ако е невин ќе нема проблем, јас сиве овие години сум на суд и не се плашам, затоа што не сум виновен“ порача Заев во емисијата „Отворено“ на Тв 24.

„За лукративни интереси тие се спремни на сè, знаеме, но имаме решенија и за тоа, но апелираме на присебност. Ова безобразие може да помине некои црвени линии, но ние работиме на решенија. И вечерва се разговара меѓу партиите да не забега работава во посебен правец. Ви тврдам дека имаме решенија.

ГРУЕВСКИ ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА ВО ОПАСНА СИТУАЦИЈА ЗА ШТО МОЖЕ ДА ОДГОВАРА ПРЕД МЕЃУНАРОДНИТЕ СУДОВИ !

Не може цела држава да се става во заложништво, само за врхушката околу Груевски и нивните криминали. Ние имаме решенија, но сепак ќе сакаме да се испочитува системот и парламентаризмот како општество. Го чекаме само Иванов како претседател, како што е предвидено согласно Уставот да го направи тоа симболично предавање на мандатот.

Сакам да ве смирам како граѓани имаме решенија. Ние можеме да избереме Влада и без Иванов, но сакаме да одиме како што е редот, но нема да дозволиме ниту поединец да држи цела држава во заложништво.“
Погледнете јА 24 Отворено со Младен Чадиковски
гости: Зоран Заев, Катерина Блажевска и Насер Селмани

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/1002738343159623/