СДСМ и Коалицијата на овие избори ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нуди стари, потрошени кадри на Груевски, меѓу кои има и осудени лица и лица против кои се водат судски постапки, изјави претседателот на владеачката партија и премиер Зоран Заев од Кичево.
Според него, „тие нудат издржани проекти, проектирани според реални состојби, во рамките на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план“.
-Кај нив, ќе видите нереални и неостварливи проекти со цел еднократно да ги измамат гласачите, без при тоа да водат сметка за буџети или реални проекции. Додека ние решававме децениски проблеми, тие ги создаваа и комплицираа. Додека ние инвестиравме во општините и граѓаните, тие се противеа на секоја мерка што значеше повеќе пари во семејствата, потенцира Заев.