Заев во МАНУ: Продолжуваат консултациите за градење на аргументацијата на Македонија во преговорите со Грција

од desk4
103 прегледи

Заев на средбата во МАНУ ги информираше претседателот Таки Фити и присутните академици, за текот на процесот за решавање на проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија, соопшти Владата.

Во размената на мислења во однос на ова прашање, членовите на претседателството на МАНУ, како и поранешните претседатели што зедоа учество на оваа средба, истакнаа дека највисоката научна установа во земјата има јасни ставови, документи и научни факти кои можат да помогнат во градењето аргументација на нашата страна во преговорите.

На средбата е договорено да продолжи меѓусебната консултација и соработката меѓу стручни тимови на МАНУ и Владата.