Заев за еколошките такси: Иднината е во велосипедите и електричните тротинети

од Nikola Popovski

„Еден дел се во ригорозните мерки вградени преку законот за еколошки такси. Веќе постојат за голем дел од индустриските капацитети. Со нашето пристапување кон ЕУ и обврските од парискиот договор, од 2024-2025 година ЕСМ преку РЕК Битола ќе плаќаат еколошки такси“, изјави денес премиерот Зоран Заев.

Според него, определбата на Владата е јасна, а целта е зелена.

„Сите да се насочиме и кон практично спроведување на зелената агенда, помалку да користиме фосилни деривати, а почесто да користиме еколошки превозни средства, како велосипед, електричен тротинет, електрични возила, возила на хибрид, но и трчањето и пешачењето. Тоа е иднината на земјата“, вели премиерот, додавајќи дека со овие 3,5 дополнителни денари на нафтата, таа се уште е најевтина во С. Македонија, ако се погледне цела Европа.

Слични содржини