Заев: За изборите да се одржат на 15 јули, ќе се бара претседателот да прогласи нова вонредна состојба

од Берта Китинска
201 прегледи

За да не страда народот и да им се овозможи на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат, го заклучуваме 15 јули како конечен датум, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.


За изборите да се одржат на 15 јули, рече Заев, ќе се бара претседателот да прогласи нова вонредна состојба за да може да се направат и промени во Изборниот законик.

-Не е прекршување на законите носењето на нова вонредна состојба, тоа го правиме дека опозицијата ги проби сите изборни рокови, а во земјата се уште имаме пандемија, истакна Заев.

Една од промените е бидејќи 15 јули е среда, а не недела. Ќе се гласа и на 13 и 14 јули (понеделник и вторник) кога своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, лицата кои се позитивни на ковид-19, како и оние кои се во самоизолација. Молкот, пак, ќе настапи на 12 јули, недела на полноќ.