Во синоќешното интервју на Тера телевизија со премиерот Зоран Заев ги отфли обвинувањата на Мицкоски за некакви провизии за изградба на автопат, велејќи дека лидерот на опозицијата лаже.
ЗАев одговори и дека нема да има, предвремени ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ онака како што бара Мицкоски, а за наводната понуда дека му нудел своевремено на Мицкоски пет министерски места во замена за прифаќање на Договорот од Преспа, односно гласање на измените на Уставот во Собранието рече дека е лага.
„ Ако имаше предвремени избори, немаше да има дебата дали ќе има цензус или ќе нема. Јас одлучив дека треба да има редовни избори затоа што државата треба да функционира, а не постојано да се оди на избори. Политичарите влезени во својот филм цело време ќе си бараат избори. Ако му дадам на Мицкоски предвремени избори ќе го победиме, ќе го згазиме, оти во моментот така стојат работите и после за една година пак ќе бараат избори“ рече Заев.
Премиерот го повтори својот став дека ако се случи Пендаровски да ги изгуби изборите, тогаш тој ќе распише предвремени парламентарни избори. Но , додаде дека знае зошто го кажува тоа, оти како што рече знае дека Пендаровски нема да ги изгуби изборите.
ЗА економијата
Во однос на економијата премиерот Зоран Заев изјави дека ЕК Битола и ЕЛЕМ имаат нето добивка од 24 милиони евра и дека стабилноста на производството на струја е овозможено.

„РЕК Битола и ЕЛЕМ имаат нето добивка од 24 милиони евра. Над 20 милиони се инвестираат во
филтери. Стабилноста на производството на струја е овозможено“, изјави премиерот.
Тој вели дека во првиот квартал имаме 105% остварување во производството на струја.
„Во минатото осум години не биле правени генерални ремонти, затоа имаше испади на РЕК“, вели
Заев.
Премиерот додаде дека му сугерирал на директорот на РЕК, Васко Ковачевски и на ЕЛЕМ, Драган
Миновски локалните компании да бидат ангажирани во битолскиот Рударско-енергетски комбинат.
„ЕЛЕМ има преку 40 милиони евра на своја сметка. Ќе продолжат постапките за набавка на
сопствена механизација во РЕК“, вели премиерот
Погледнете го интервјуто на Тв ТЕРА:
