Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, даде интервју за српската државна телевизија РТС, во кое зборува за скандалот со прислушкувањата што почна да го обелоденува вчера, како и за политичката ситуација во Македонија
Zoran Zaev 10.02.2015

Во дел од интервјуто тој го повторува аргументот кажан и вчера – дека материјалите што СДСМ почна да ги објавува не се од странски служби, оти ниту една странска служба не би можела на македонска територија да прислушкува 20.000 луѓе. Тој запрашан дали власта се огласила, вели дека, зачудувачки, ниту министерката за внатрешни работи, која би морала да се заинтересира, не го контактирала.

– Никој не ме контактирал. Тоа е многу чудно затоа што во најмала рака министерот за внатрешни работи мораше да излезе ама никој не се огласува. Сега се е јасно. Она што е како тврдење во јавноста, дебата, кој тоа ги слушал нашите граѓани, повеќе од 20 илјади граѓани на оваа земја, веќе на сите им е јасно, од повеќе причини. Тврдењето за коешто сум јас осомничен и уште неколкумина кои се во притвор, дека тоа се странски служби кои се присутни во Македонија веќе се разобличени со вчерашната прес конференција којашто ја одржавме. Затоа што преку 20.000 граѓани не може да прислушува странска служба, поединец или која било група, освен државната служба. Исто така тие мора да бидат конектирани со телекомуникациските системи, а тоа се Оne, VIP, T-Mobile, мора да има конекција околу тоа. Можно е некој да улови еден или два разговора, ако користат некоја современа технологија, но повеќе од 20.000 граѓани?! Тоа им го прави државата на нашите граѓани, јасно е – вели лидерот на најголемата опозициска партија

Слични содржини