Заев за спорот со Бугарија: Ќе ѝ дадеме шанса на љубовта и ќе се изнајдат решенија

од Берта Китинска

Спорот со соседна Бугарија може да се реши откако таму ќе завршат парламентарните избори, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен Печат“.

-Добро ни тргна 2017 година со пријателствот. Ќе дадеме шанса на љубовта оти Борисов вели: „Ние не сме за војна, ние сме за љубов“. Ќе се изнајдат решенија. Тие имаат таму врв на демократријата – избори. Нека си изберат Влада, институции. Мај, јуни се пред нас додека да дојде Европскиот совет. Можеме да седнеме посветени водејќи грижа еден за друг, почитувајќи нашите посебности и да го најдеме решението, вели Заев.

Слични содржини