Заев за ТВ21: Немав директни контакти со Спасовски, но ќе направам тест

од Берта Китинска
178 прегледи

После позитивниот тест на коронавирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.

„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи.Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца.Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно“, рече Заев.

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вчера објави дека е позитивен на Ковид-19. Кличничката слика, како што напиша на социјалната мрежа Фејсбук, му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата на својот фејсбук профил.

Слични содржини