Заев: Забрана за сите летови од Велика Британија во С.Македонија

од Берта Китинска
196 прегледи

Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил информира дека се забрануваат сите летови во Велика Британија.

-После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија, соопшти Заев.

Слични содржини