Заев знае за изненадувањето: ДУИ има убава работа да соопшти во сабота

од Берта Китинска
192 прегледи

ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, рече денска премиерот Зоран Заев.

– Убава зтоа што е целосно во корелација со работењето на Владата, споделено е со нас, убава е затоа што е модерна и соодветна за 21 век. Тоа е освежување и новина – рече Заев но не откри детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.

На прашањето дали на локалните избори СДСМ и ДУИ ќе излезат со заеднички кандидат Албанец премиерот рече дека не сака да шпекулира.

-Ќе се пушти тежа точна, неточна па ќе направиме од шлагче, црешка па правиме торта нема потреба од тоа, вели Заев.