Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

од desk2
122 прегледи

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за 20 пати повеќе од дозволените 50 микрограми на метар кубен.

Речиси и да нема град во земјава каде што има мерни станици, а воздухот да не е загаден. Во Битола концентрацијата на ПМ10 честичките изнесува 370 микрограми, во Гостивар 277, Кавадарци 215, а во Скопје речиси и да нема општина каде што загаденоста на воздухот е во рамките на нормалните вредности. Во речиси секоја општина каде што има мерни станици, концентрацијата на ПМ10 изнесува над 300 микрограми на метар кубен.

Вчеравечер, според Air Visual, Скопје беше најзагадениот град во светот.

Денеска никој од надлежните не се произнесе во однос на енормната загаденост која веќе трет ден ги поминува границите на нормалата./макфакс