Загина турист откако врз него падна дел од позната црква во Фиренца

од desk2
65 прегледи

Шпански турист загина во Италија, кога врз него падна фрагмент од една од најпознатите цркви во Фиренца.

Се работи за 52-годишен маж, а локалните медиуми наведуваат дека живеел во Барселона.

Каменот, кој го поддржувал столбот, со пречник од 15 см, паднал од височина од 20 метри, јави BBC.

Полицијата ја затвори за туристи базиликата Санта Кроче, во која се погребани великани, меѓу кои и уметникот Микеланџело, астрономот Галилео Галилеј и филозофот Николо Макијавели.

Претставничка на црквата рече дека е вознемирена од оваа случка и изрази сочувство на семејството на жртвата.

Базиликата ди Санта Кроче, е главна фрањевска црква во градот и едно од најпопуларните туристички места.