Хит на годинешниот Загреб Бургер фестивал беше посебен вид на бурек, „Бурек Бургер“, како што кажува и самото име, комбинација од хамбургер и бурек. 
Идејата е на Марин Медак, а се состои од говедско месо, пржен кромид, тенко сецкан компир, јогурт и краставици, наредени меѓу два бурека.
Се разбира, бурекот е само со месо.